Хрватска ракометна федерација објави дека од денеска се во продажба влезниците за главната рунда на Мундијалот во 2025 година, за групата што ќе се игра во Вараждин.
Дневниот билет со кој ќе може да се погледнат три натпревари на 21, 23 и 25 јануари, ќе чини 70 евра (категорија), додека најдобрите места во салата вредат 90 евра.
Промотивниот период на продажба трае до 15 јули, а потоа цените ќе бидат повисоки за 10 евра во двете категории и ќе може да се купат за 80, односно 100 евра.
Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја, па има голема шанса да се пласира во главната рунда на СП 2025, која исто така ќе се игра во Вараждин.
ХРС направи исклучок и за прелиминарните групи во Загреб (таму игра Хрватска), како и за таа група што ќе се игра од главната рунда во престолнината, има дупло пониски цени.
За прелиминарните групи во Вараждин и Пореч, цените се 50 евра за категорија 2 и 70 евра за оние од втората категорија. Станува збор за билети со кои ќе може да се гледаат два меча дневно.
Билети за СП 2025 може да купите ТУКА.
„Фалангата“ на готовс: Од денеска се продаваат билети за СП 2025 – цените од 50 до 70 евра!