Во продажба билети за еден од клучните натпревари на Еурофарм Пелистер во ЛШ

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за еден од клучните натпревари во Лигата на шампионите.

Пелистерци ги очекува битка со романскиот шампион Динамо Букурешт в четврток во салата „Боро Чурлевски“.

Билетите по цени од 450 денари и 550 денари се продаваат на стандардните места во Битола, како и онлајн на сајтот на Еурофарм Пелистер – ТУКА.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Динамо Букурешт е закажан за 20 февруари со почеток во 20:45 часот.

На табелата во групата А од Лигата на шампионите, битолчани се на седмата позиција со шест бода, а главниот конкурент Висла Плоцк е шести со исто толку.