Висла Плоцк пружи силен отпор, но „светците“ се блиску до четвртфинале во ЛШ

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк пружи силен отпор против ПСЖ, но го загуби првиот дуел од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Избраниците на Раул Гонзалез од Полска си заминаа победнички триумфирајќи со 29:26 (13:12) и реванш дуелот ќе го стартуваат со три гола предност.

Сепак, покрај поразот, составот на Хавиер Сабате ќе може да се надева на пласман во четвртфиналето, бидејќи достижно изгледаат трите гола негатива.

Победничката екипа беше предводена од Камил Шипжак и Елохин Пранди, двајцата постигнаа по осум погодоци.

Кај домашниот табор со по четири погодоци се истакнаа Миха Зарабец и Пжемислав Крајевски.

Коралес ја „спушти“ ролетната – Веспрем со лекција за ПИК Сегед