Коралес ја „спушти“ ролетната – Веспрем со лекција за ПИК Сегед

Ракометарите на Веспрем славеа на првиот осминафинален дуел против ПИК Сегед триумфирајќи со седум гола разлика, 37:30 и се блиску до пласман во четвртфиналето во ЛШ.

Веспрем победата ја најави уште во првото полувреме кога се одлепи на 9:3, потоа на пауза замина со 20:17 и продолжи во ист ритам во вториот дел.

Победничката екипа беше предводена од Хуго Деска и Никита Вајлупов, двајцата постигнаа по седум погодоци.

Одлична партија во Веспрем имаше и голманот Родриго Коралес, кој натпреварот го заврши со 15 погодоци.

Кај ПИК Сегед најрасположен беше левото крило Себастијан Фримел со шест погодоци, пет додаде Иманол Алустиза.

Реванш дуелот ќе се одигра следниот викенд, односно на 4 април, а домаќин ќе биде тимот на Момир Илиќ.