ОХРИД 2026: Војводина најде решение за Нексе – заврши петта на „Крсте Андоновски“

Ракометарите на Војводина славеа против Нексе со 33-30 и го освоија петтото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“.

Српскиот вицепрвак имаше резултатска контрола на теренот и водеше во повеќе наврати со по три гола во првото полувреме, но како се ближеше паузата, така Нексе Нашице се враќаше во игра и израмни на 15-15.

Во вториот дел Нексе направи пресврт и имаше два плус, 22-20, но набрзина ја загуби предноста и тимот од Нови Сад се врати во својот претпознатлив ритам, па успеа да стигне до водство од три гола и до крајот ја задржа предноста за триумф.

Во дуелот за седмото место Египет У20 славеше против Олимпијакос со 36-33, додека од 18:00 часот е средбата за трето место меѓу Загреб и Тримо Требње, додека во финалето ќе се сретнат Охрид и Вардар од 20:15 часот.