Висла Плоцк не запира со засилувања – го промовира и Бергеруд

Висла Плоцк конечно минатата сезона го симна Келце од полскиот трон, a сега сака да има уште посилен ростер.

По Митја Јанц и Тим Цокан од Целје, како и голманот Виктор Гисли Халгримсон, Висла Плоцк промовираше уште едно ново засилување.

Станува збор за чуварот на мрежата Торнбјорн Бергеруд, кој ќе ја одработи оваа сезона во Колстад, а идното лето ќе се пресели во Плоцк.

Тогаш ќе биде замена за Халгримсон, кој ќе се замине во Барса. Норвешкиот репрезентативец потпиша договор на три сезони со полскиот првак.

Висла ова лето ќе промовира уште две засилувања, а едно од нив сигурно ќе биде десниот бек од Барса, Мелвин Ричардсон.