Полскиот вицепрвак Висла Плоцк веќе се активира на трансфер пазарот за следната натпреварувачка сезона.
Во клубот од Плоцк нов играч ќе биде ракометарот од Горење Велење, Петер Шишко, кој настапува на позицијата лев бек.
Двете страни се договорија на тригодишна соработка, која ќе стапи на сила од месец јули, 2024.
Перспективниот ракометар го привлече вниманието на многу клубови со одличните настапи во Лигата на Европа.
Шишко токму во Полска ќе го има првиот интернационален предизвик, од почетокот на неговата кариера е дел од Горење Велење.
Во Висла Плоцк следната сезона ќе пристигне и репрезентативецот на БиХ, Марко Паниќ, како и актуелниот член на ПИК Сегед, Золтан Зита.