Викенд маратон – еве ги распоредот и саатниците на сите дуели од младинските лиги

Претстојните неколку дена ќе бидат одиграни многу натпревари од младинските категории во сите конкуренции.

Кај младинците, Мулти Есенс на домашен терен го пречекува Младост Богданци, Охрид ќе бара бодови против Бутел Скопје, кој има две победи по ред.

Во пелагониското дерби ќе играат Прилеп и Еурофарм Пелистер, Голден Арт е домаќин на Пролет, а Вардар го чека тешко гостување кај Еурофарм Пелистер 2.

Младинци, 6. коло:

08/11, 20:00, Мулти Есенс – Младост Богданци
07/11, 18:00, Овче Поле – Тиквеш
05/11, 11:00, Прилеп – Еурофарм Пелистер
08/11, 17:00, Голден Арт – Пролет
04/11, 17:00, Охрид – Бутел Скопје
Алкалоид слоб.

Продолжуваат натпреварите и кај младинките. Ѓорче Петров е домаќин на Спартак, Скопје ќе го пречека тимот на Шампион, додека Вардар ќе игра против Илинден Вардар.

Младинки, 3. коло:

06-07/11, Ѓорче Петров – Спартак
05/11, 11:30 Скопје – Шампион
08/11, 16:30 Вардар – Илинден Вардар
Куманово слоб.

Во кадетската лига во машка конкуренција, ќе се игра 2. коло само во групата В. Борец е домаќин на Алкалоид, Астраион ќе игра против Македонија Ѓорче Петров.

Кадети, 2. коло:

Група В
04-05/11, Борец – Алкалоид
08/11, 20:00, Астраион – Македонија Ѓорче Петров
Бисинов – Куманово 32-25
Аеродром слоб.
Бутел Скопје слоб.

Кај кадетките ќе гледаме дерби натпревар меѓу Вардар и Ѓорче Петров. Гевгелија е домаќин на Стружанка. Јехона ќе игра против Илинден Вардар, додека Делчево гостува кај екипата на Чаир.

Кадетки, 3. коло:

03/11, 19:00, Гевгелија – Стружанка
03/11, 16:30, Вардар – Ѓорче Петров
07/11, 20:00, Јехона – Илинден Вардар
05/11, 12:00, Чаир – Делчево Вардар

Се играат натпревари и кај пионерите. Во групата А, Голден Арт го пречекува тимот на Асови Вардар, Вардар ќе игра со Мулти Есенс, Охрид гостува кај екипата на Јуниор Кисела Вода, а Струга ќе игра против Динг.

Во група Б, Илинден Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер, Алкалоид го пречекува Вардар Неготино, Скопје ќе игра против Тиквеш, Голден Арт Аеродром ќе го нагости тимот на Младост Јуниори.

Во група В, Аеродром ќе бара бодови против Куманово, Радовиш ќе се соочи со тимот на Бутел Скопје, Бисинов ќе бара победа против Текстилец.

Пионери, 4. коло:

Група А
05/11, 14:00, Голден Арт – Асови Вардар
05/11, 10:00, Вардар – Мулти Есенс
05/11, 14:00, Јуниор Кисела Вода – Охрид
05/11, 12:30, Струга – Динг
Еурофарм Пелистер 2 слоб.

Група Б
04/11, 17:00, Илинден Вардар – Еурофарм Пелистер
05/11, 12:30, Голден Арт Аердром – Младост Јуниори
05/11, 14:00, Скопје – Тиквеш
04/11, 13:30, Алкалоид – Вардар Неготино
Прилеп слоб.

Група В
05/11, 19:00, Куманово – Аеродром
04/11, 15:30, Радовиш – Бутел Скопје
05/11, 16:00, Македонија Ѓорче Петров – Астраион
04/11, 16:00, КЛ7 Свети Николе – Пролет
Бисинов – Текстилец 24-11

Продолжуваат и дуелите кај пионерките. Во група А, ќе играат Младост Богданци и Старк, Кузман Вардар Илинден против Металург Автокоманда, Вардар е домаќин на Делчево Вардар, Астибо го пречекува Овче Поле СУ.

Во група Б, Ѓорче Петров ќе бара бодови против Лихнид, се игра и пелагониско дерби меѓу Пелистер и Деспина. Чаир домаќин на Стружанка, Металург ќе го нагости тимот на Младост Јуниори.

Пионерки, 3. коло:

Група А
04/11, 13:30, Младост Богданци – Старк
04/11, 15:00, Кузман Вардар Илинден – Металург Автокоманда
04/11, 14:00, Вардар – Делчево Вардар
02/11, 18:00, Астибо – Овче Поле СУ

Група Б
04/11, 15:00, Ѓорче Петров – Лихнид
05/11, 15:00, Пелистер – Деспина
04/11, 12:00, Чаир – Стружанка
05/11, 12:00, Металург – Младост Јуниори