Веспрем врза четири победи по ред и по третпат даде 40 гола

Унгарски Веспрем имаше „лесно“ гостување во Словенија кај Целје и делемите околу победникот ги реши уште во првото полувреме кога имаше предност и од „плус 7“ гола. На крајот триумфот на Унгарците беше 40-33, и со новите бодови останува на првото место со 12 бода.

Последен пат Веспрем загуби на гостувањето во Данска кај ГОГ на 28 септември. Потоа победи на дуелите со Порто, Висла и Барселона. На половина од групната фаза од Б групата на ЕХФ лигата на шампионите екипите го трасираат својот пат.

Двата ривали меѓусебе ќе играат и во следното коло на 23 номеври кога Веспрем ќе биде домаќин. А на овој меч во Словенија, веќе во 7 минута од мечот гостите водеа со 4-1, а осум минути подоцна имаа и двојна предност, 10-5 како најава дека се на добра пат да ги освојат бодовите. Првото полувреме помина во доминација на Веспрем кој имаше и предност од седум гола, а на одмор се замина со резултат 22-17.

Првпат „плус 10“ гола предност за Веспрем имаше во 49 минута кога Косоротов погоди за 35-25. Во последните десетина минути од мечот Целје се обиде само да ја намали предност да не биде двоцифрена, но сепак не ја симна под пет гола колку што беше на полувреме.

Кај победничката екипа Хуго Дескат даде 8 гола, а Лудовик Фабрегас постигна пет гола. Во тимот на Целје максимален со 7/7 беше Тим Чокан.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064