Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп трофејот, откако во финалето на 61. издание од Купот на Унгарија триумфираа над најголемиот ривал, тимот на ПИК Сегед, со 33:30.
Веспрем во речиси најголемиот дел од натпреварот беше во резултатска предност, на полувреме имаше 16:15, потоа во вторите 30 минути успеваше да одржи константна разлика од еден до два гола разлика.
Тимот на Момир Илиќ беше предводен од Омар Јахија со шест и Недим Ремили со пет погодоци, четири додаде Никита Вајлупов.
Во поразениот табор десното крило Марио Шоштариќ ги предводеше стрелци, постигна осум погодоци, второ име беше Мигел Мартинс со седум погодоци.
За Веспрем ова беше 31 трофеј во Купот на Унгарија, односно четврти по ред, додека тимот на ПИК Сегед, кој на лето ќе претрпи големи промени, останува на седум Куп трофеи.
Двата најдобри унгарски клубови ги очекува плеј-оф пресметката за шампионската титула. Првиот натпревар е закажан за 24 мај, реванш дуелот за 29 мај.