Спартак како брз воз мина низ Битола

Ракометарките на Спартак ја продолжуваат серијата без пораз во Супер женската лига, откако славеа на гостински терен кај Пелистер со 29-17.

Избраничките на Симе Симовски сега имаат седум бода – три победи и едно реми, па се на второто место на табелата зад лидерот Ѓорче Петров кој има осум.

Битолчанки водеа само на стартот со 2-0, потоа се беше во знакот на Спартак. Најпрво следуваше серија од четири гола за 4-2, а по 10-6, уште пет гола без примен на гостинките за 15-6 и тука веќе беше јасно кој ќе победи на оваа средба.

Второто полувреме беше само формално одработување на задачата за плус 12 и продолжување на серијата на Спартак без пораз.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Таида Беровиќ со седум и Зорица Андовска со шест погодоци, додека кај Пелистер се истакна Сејадин Еџе со пет гола.