Чаир убедлив против Ѓорче Петров 2

Македонскиот вицепрвак Чаир ја запиша третата сезонска победа во Супер женската лига, откако славеше против Ѓорче Петров 2 со убедливи 38-27.

Нерешено беше само на стартот, 1-1, а потоа во најголем дел домаќинките ја контролираа играта и резултатот.

Чаир водеше по првиот дел со 17-15, но веднаш на стартот на вториот дел се одлепи на плус пет, 20-15.

Гостинките не се откажуваа од бркање на негативата, во еден момент намалија на минус два, 25-23, но немаа сили за нешто повеќе.

Чаирчанки „нагазија“ во последните петнаесетина минути и комплетно го надиграа ривалот за конечни 38-27.

Ѓорѓиевска даде 12 гола за Чаир, а Махмуд стрелаше осум пати, додека Анчева со осум и Mркиќ Стојанов со седум беа најефикасни кај Ѓорче Петров 2.