Хендикеп за Охрид – се повреди Јагуриновски!

Уште на почетокот од дербито меѓу Вардар и Охрид, гостите останаа без еден од важните играчи. Томислав Јагуриновски го напушти теренот и салата заедно со клупскиот доктор и неизвесно е дали воопшто ќе се врати во игра.

Причината според информациите во салата е повреда на прст на раката, и затоа замина на дополнителни прегледи.

Охрид гостува во Скопје на првото меѓусебно соочување во првенството, меч што истовремено ќе се бодува и за Регионалната лига. Досега трипати се сретнаа Вардар и Охрид, пред почетокот на сезоната, и двапати победи Охрид, а еднаш Вардар.

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾