Црногорки и Естонци за Ѓорче Петров во Лигата на Европа

Авор: Душко Андов
| 1 октомври 2026
14:18
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.

Македонскиот шампион Ѓорче Петров има незгоден ривал и во оваа фаза ќе се соочи со чешкиот тим Бањик Мост.

Првата средба што е на програмата на 4 октомври од 19:00 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе ја судат Слаѓана Мартиновиќ и Милица Павичевиќ од Црна Гора, додека делегатка е Тијана Мартиновиќ од Босна и Херцеговина.

Реванш дуелот е закажан за 10 октомври во Мост од 18:00 часот, а таму правдата ќе ја делат Естонците Артур Оганезов и Карел Раидмец, додека делегат е Борис Вукашиновиќ од Србија.

025 MKD HC Gjorche Petrov-WHC AD Skopje 026 CZE DHK Banik Most
04.10.2026 19:00 Sport Center Jane Sandanski small
hall, Skopje
10.10.2026 18:00 Sportovni hala Banik Most, Most
Ref.: Martinovic, Pavicevic MNE Ref.: Oganezov, Raidmets ES

Share on Facebook

„Лавиците“ примија само седум гола во вториот дел – имаа успешна проверка пред евро-испитот

Авор: Душко Андов
| 1 октомври 2026
20:28
Share on Facebook

Македонскиот шампион Ѓорче Петров имаше добра проверка пред стартот на европската авантура. „Лавиците“ славеа над новиот суперлигаш Атлетик со 32-20 и сега имаат четири од четири во Супер женската лига.

Но избраничките на Славиша Димитријески мораа добро да се испотат во првиот дел кога гостинките пружија силен отпор, а дури и водеа на паузата со 13-12, но во вториот дел работите си дојдоа на свое место и домашните покажаа дека се класа повисоко.

Во составот на шампионот не беа Коларовска, Николиќ, Велкова, Јовановиќ…шанса добија кадетските репрезентативки Филимановски, Глогуновска, Сулејмановска…

Нападот на Атлетик немаше многу решенија во второто поувреме, сите нивни грешки беа казнувани со лесни голови преку Ризоска и Вранчиќ, па предноста на Ѓорче Петров само растеше до конечните плус 12.

Ризоска имаше девет гола, Вранчиќ седум во победничкиот состав, додека кај Атлетик се истакнаа Богојеска и Дишковска со по пет реализации.

Следен предизвик за Ѓорче Петров ќе бидат натпреварите од Лигата на Европа против чешкиот тим Бањик Мост.

Share on Facebook

Херојот на Ла Риоха откри како го запреа Еурофарм Пелистер

Авор: Редакција
| 30 септември 2026
22:35
Share on Facebook

Еден од најзаслужните за убедливата победа на Логроњо Ла Риоха против Еурофарм Пелистер беше голманот Жоан Ледо. Шпанецот беше извонреден меѓу стативите, имаше 21 одбрана, и ги запре домашните ракометари и со своите интервенции ѝ овозможи на екипата постојано да ја зголемува предноста.

По натпреварот, Ледо истакна дека шпанскиот тим бил максимално подготвен за сите тактички варијанти на битолчани.

„Екипата на Ла Риоха беше извонредна, тактички и ментално. Бевме подготвени за секој детаљ од натпреварот. Уште од првиот момент знаевме дека овде мора да дадеме 100 проценти, па дури и повеќе.
Атмосферата е навистина жешка, а навивачите создаваат голем притисок. Многу е тешко да се игра во ваков амбиент и затоа мора да бидете максимално фокусирани во текот на целиот натпревар.
Се подготвувавме за нивната игра „седум на шест“. Мислам дека одлично го започнавме натпреварот, а потоа тие се вратија на играта „шест на шест“. Покажавме добар менталитет и постојано останувавме во нашиот ритам. Знаевме дека можеби ќе постигнат неколку брзи голови, но продолживме да го правиме истото. Пресреќни сме поради оваа победа“, изјави Ледо.

 

❗❗  Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗

За шпанскиот голман ова не беше прво гостување во Битола, бидејќи претходно настапувал во овој ракометен храм со Бидасоа.

„Морам да кажам дека ова не е мое прво гостување овде. Веќе сум играл во Битола со Бидасоа и знам колку е тешко да се настапува во оваа сала. Еурофарм Пелистер има добар тренер, многу добра екипа, квалитетни ракометари и одлични голмани. Имаат играчи што се многу опасни во ситуациите „еден на еден“ и тешко е да се бранат. Моравме постојано да бидеме на линијата на додавање и да ја затвораме средината, за да им го отежниме постигнувањето голови. Мислам дека завршивме одлична работа. Ви благодарам и ви посакувам многу среќа до крајот на сезоната“, заврши Ледо.

Голманот им даде три гола и им го затвори голот: Логроњо го совлада Еурофарм Пелистер

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

 

Share on Facebook

Ривалот на Вардар во ЛШ донесе ново засилување

Авор: Душко Андов
| 1 октомври 2026
12:54
Share on Facebook

Францускиот Нант експресно реагираше по повредата на Каулди Одриозола и обезбеди ново решение за десната крилна позиција. Нов член на вицешампионот на Франција е српскиот репрезентативец Матеја Додиќ, кој во Нант пристигнува од хрватскиот шампион Загреб.

Додиќ има 23 години и потекнува од Врање, а со Нант ќе добие нова можност за настап на највисоко европско ниво. Договорот е постигнат до крајот на сезоната 2026/27, па српското крило ќе има можност да се докаже и во Лигата на шампионите.

Нант остана без Одриозола по повредата што францускиот тим ја претрпе на гостувањето кај Вардар во Скопје во второто коло од Лигата на шампионите. Французите така мораа да реагираат на пазарот, а решението повторно го најдоа на Балканот.

Минатото лето Нант го ангажираше Лука Периќ од Целје, а сега во францускиот состав пристигнува уште еден играч од балканскиот ракомет.

Додиќ во Загреб пристигна од Металопластика, но неговата прва сезона во хрватскиот клуб беше отежната поради здравствени проблеми. Тој повеќе од три месеци беше надвор од терените, а за Загреб дебитираше дури по паузата.

Во составот на Загреб за оваа сезона конкуренцијата на десното крило беше сериозна. Покрај Додиќ, на позицијата настапуваат и неговиот сонародник и српски репрезентативец Алекса Туфегџиќ, како и капитенот на клубот и хрватски репрезентативец Филип Главаш.

Францускиот тим сезоната во елитното натпреварување ја започна со две победи, додека во домашното првенство неодамна претрпе неочекуван пораз на домашен терен од Тулуз.

Share on Facebook

🔴ВО ЖИВО🔴 Еурофарм Пелистер 2 – Куманово, Овче Поле – Пролет

Авор: Душко Андов
| 3 октомври 2026
16:30
Share on Facebook

Share on Facebook