Младост Богданци се избори за голем бод во Автокоманда

Младост Богданци освои важен бод на гостувањето кај „витамините“ од Автокоманда, откако одигра реми, 21-21, во меч од 5 коло во Супер машката лига.

Иако домашните водеа на осум минути до крајот, 21-19, сепак гостите од Богданци покажаа карактер, се вратија во егал и го одбранија последниот напад на „витамините“.

Во израмнетиот дуел на двата тима кои летово обезбедија пласман во елитното друштво, Младост Богданци успеа да остане во игра до самиот крај и да се избори за бод,.

„Витамините“ во последните десетина минути двапати имаа плус два, а при резултат 21-20 добија и предност од ракометар повеќе, како и седмерец. Сепак, домаќините не го искористија периодот во кој можеа да го решат натпреварот.

Младост Богданци ја искористи својата шанса и успеа да израмни на 21-21, со што го врати натпреварот во неизвесност. Во последниот напад домашниот тим имаше можност да стигне до победата, но обидот на Џигероски заврши над голот, па бодовите беа поделени.

Кај домашните најефикасни беа Трајкоски со пет и Ѓоргиевски со четири гола, додека голманот Јорданов имаше 15 одбрани. Младост Богданци го предводеше Бојаниќ со осум погодоци, а Андоновски постигна седум.

Двата тима остануваат без победа по пет кола, и својата шанса ќе ја бараат на следните средби.