Веспрем рутински се справи со Висла Плоцк

Ракометарите на Веспрем одиграа рутински против полскиот вицрпрвак Висла Плоцк во натпревар од 5. коло од Лигата на шампионите и дојдоа до втора победа во низа.

Избраниците на Момир Илиќ пред своите фанови ја оправдаа фаворитската улога против тимот од Плоцк и триумфираа со 28:21.

Веспрем победата ја најави уште во првото полувреме, кое го доби со 14:9. Ниту во вториот дел немаше голема неизвесност и се одеше според планот на домашниот тим.

За Веспрем дуелот против Висла Плоцк беше загревање за следниот викенд, во кој унгарскиот тим ќе ги одмери силите со Барселона.