Ракометарите на ПИК Сегед со дерби пораз од Веспрем ќе го пречекаат Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, откако во унгарскиот првак славеше во „ПИК Арена“ со 30-25.
Момците на Момир Илиќ имаа плус три уште на стартот на мечот, 6-3, а потоа и највисоки дотогаш 10-6, откако погодуваа Маргуч, Елдера и Пешмалбек. До крајот на полувремето ПИК Сегед успеа да стопи дел од негативата, 15-13.
На стартот на вториот дел Ремили погоди за 16-13, но домашните тогаш го одиграа најдобриот период во мечот. Со четири гола во серија на Шоштариќ и Сита, ПИК Сегед направи пресврт и поведе со 17-16.
Потоа беше и 18-17 со голот на Бомбач, па иако Миклер беше солиден на голот, Веспрем успеа да ја преземе контролата на мечот. Коралес исто така бранеше одлично, па на десетина минути до крај Веспрем стигна до плус пет, 27-22.
Немаше премногу дилеми до крајот и Веспрем успеа да ја задржи високата предност за триумф на првото унгарско дерби во оваа сезона. Најдобри стрелци кај Веспрем беа Ремили со седум, како и Маргуч и Пешмалбек со по пет погодоци, а кај ПИК Сегед се истакнаа Мартинс, Сита, Шоштариќ и Фримел со по четири гола.