Веспрем ги собра бодовите во Плоцк, ПСЖ подобар од Спортинг

Полскиот шампион Висла Плоцк даде силен отпор на натпреварот против унгарскиот гигант Веспрем, но остана со празни раце.

Веспрем во натпревар од 7. коло од Лигата на шампионите беше за нијанса подобар против тимот на Хавиер Сабате триумфирајќи со 27:24 (12:10).

Домаќините беа повеќе од рамноправен ривал во поголемиот дел од натпреварот, но во финишот до израз дојде искуството на теренот.

Ниту 10-те погодоци на Миха Зарабев не беа доволни за Висла Плоцк да освои барем бод на овој натпревар. На спротивната страна Бјарки Мар Елисон беше најефикасен со шест реализации.

Еден од најзаслужните за победата на Веспрем беше и голманот Родриго Коралес, кој натпреварот го заврши со 15 интервенции.

Интересно беше и на ПСЖ – Спортинг, а на победа се радуваа „светците“ кои триумфираа со два гола разлика, 30:28 (16:14).

Најефикасни во составот на Раул Гонзалез беа Јахија Кемал, Камил Шипжак и Елохин Пранди, сите тројца постигнаа по шест погодоци. Во поразениот тим прво име беше Јан Гури со шест погодоци.