„Вештачките екипи ѝ прават само лоша услуга на репрезентацијата“

Екс тренерот на Металург, Лино Червар, во интервју за српскиот портал „Мондо.рс“, зборуваше на многу ракометни теми, а една од нив беше ракометот во земјите од поранешна Југославија.

Искусниот стратег од Хрватска смета дека е погрешно да се создаваат вештачки екипи со носење на странски играчи.

,,Од странство доаѓаат најчесто истрошени ракометари, кои не го подигнуваат квалитетот на екипите, па така вештачко создадени екипи ѝ прават лоша услуга на репрезентацијата. Во државите се трошат пари од јавен интерес, и тоа во лоша стратегија, која не носи резултати. Да не зборуваме за дефицитот на ракометна инфраструктура“, изјави Червар.

Лино Червар во Македонија беше тренер на Металург, но и на машката сениорска репрезентација.

Токму во периодот кога беше тренер на Металург, клуб во кој играа речиси сите репрезентативци, македонската репрезентација го направи најголемиот успех освојуваќи го петтото место на ЕП во Србија.