Десниот бек Предраг Вејин ќе биде едно од засилувањата за наредната сезона во амбициозниот состав на Охрид.
Српскиот интернационалец ја одработува последната сезона од договорот со грчкиот Олимпијакос, и вели дека иако клубот му понудил нова соработка, сепак тој се решил за камбек во Македонија.
„Задоволен сум од моите игри сезонава, особено во Европскиот Куп. Моето семејство и јас уживаме во Атина, клубот ми понуди нов договор на две сезони, но се одлучив да потпишам за Охрид. Ми се допаѓа проектот, лигата е одлична, а во Македонија ракометот е спорт број еден и со нетрпение го чекам новиот предизвик“, вели Вејин за „Моцарт Спорт“.
Некогашниот десен бек на Металург, во татковината играше за Металопластика и Железничар Ниш, а промени многу клубови низ Европа – француски Данкерк, шпански Адемар Леон, израелскиот Рамат Хашарон, полската Висла Плоцк, хрватски Нексе Нашице, како и Ал Џaзира од OAE.
Во Охрид освен Вејин, доаѓаат и грчкиот пивот Николаос Лиапис, словенечкиот среден бек Тилен Стрмљан, како и тренерот Борис Ројевиќ.