Croatia vs Argentina, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Zagreb, Croatia, 17.01.2025., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Вчера го славеа среброто, а утре им се враќаат на клупските обврски!

По завршувањето на Светското првенство, оваа недела продолжуваат натпреварите во поголемиот дел лиги низ Европа. Ќе се игра во Франција, Германија, Шпанија, Унгарија, Швајцарија, Полска…

Екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, кој со Хрватска го освои среброто на Светското првенство, нема да има многу одмор, вчера тој заедно со репрезентативните колеги славеше во Загреб, а од утре им се враќа на клупските обврски.

Татабања, клуб во кој настапува Мараш, утре ќе се соочи со незгодниот Комлои во осминафиналето од Купот на Унгарија, а в сабота оди на мегдан со ПИК Сегед. Најверојатно Мараш ќе биде поштеден за дуелот со Комлои, но затоа ќе настапи на дербито со унгарскиот вицепрвак.

Во ПИК Сегед настапуваат колегите на Мараш од репрезентацијата – Марин Јелиниќ и Марио Шоштариќ. Двајцата ќе имаат малку повеќе време да одморат и да се подготват за дерби дуелот.

Кружниот напаѓач Марин Шипиќ утре со Луцерн ќе бидат домаќини на Сухр во натпревар од 19. коло од швајцарскиот шампионат.