Вардарки со одличен втор дел до победа кај Астибо

Ракометарките на Вардар на гостувањето во Штип кај Астибо триумфираа со 33:29 во натпревар од 14. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

Домаќинките дадоа силен отпор во првиот дел, кој го доби Вардар со 18:16, но во вторите 30 минути „црвено-црните“ одиграа според посакуваното и не дозволија да има изненадување.

Најефикасна во победничката екипа беше Марија Голабоска со седум погодоци, а ја следеше Нина Неделковска со шест реализации.

Стандардно, во штипскиот состав прво име беше искусната Марија Анчева, која зад своето име запиша 14 погодоци.

Вардарки во следното коло на свој терен ќе играат против Чаир, додека Астибо ќе гостува кај Куманово.