Селекцијата на Куба за која настапува вардарецот Хансер Родригез е на чекор до пласман на СП 2025 година во Хрватска, Норвешка и Данска.
Куба досега ги совлада сите четири ривали на шампионатот на Северна Америка и Кариби, останува уште дуелот со домаќинот Мексико од групната фаза кој ќе одлучува за првото место.
Потоа првиот и вториот тим ќе играат финале и ќе се борат за единствениот билет за Мундијалот во 2025 година.
Родригез е еден од најдобрите ракометари на Куба на ова првенство и постигна 18 погодоци (3 против Порторико 34-17, 8 против Канада 40-24, 2 против Гренланд 36-25 и 5 против САД, 32-23).