Вардар во трка со Хамбург и Нексе за израелски среден бек!

Македонскиот вицепрвак Вардар за наредната сезона го ангажираше централниот бек Јака Малус, а на чекор до трансфер во Скопје е и аргентинскиот репрезентативец Николас Боно, кој игра на истата позиција.

Според израелските медиуми, средниот бек Јонатан Дајан, би можел да го напушти германскиот Хам Вестфален и да дојде во Скопје.

Покрај интересот од Вардар, израелскиот плејмејкер е посакуван од Целје, Нексе и бундеслигашот Хамбург.

Дајан потекнува од Макаби Реховот, а од 2016 година или скоро деценија настапува во Германија за различни клубови. До 2020 година играше за првиот и вториот тим на Гумерсбах.

Потоа две сезони беше дел од Римпар, а последните три ги мина во Хам Вестфален.