Вардар со успешна генералка пред стартот на Женската лига и дербито со Чаир

Тимот на Вардар ги одработува подготовките за пролетниот дел од сезоната во Женската лига.

Избраничките на Анжела Платон славеа на гостувањето кај Феризај од Урошевац со 36-35, откако и на полувремето водеа со 19-17.

Најдобри стрелци во македонскиот тим беа Сара Стефаноска и Ивона Трпевска со по седум голови, Нина Попова даде шест, а голманката Вероника Ѓорѓиевска имаше осум одбрани.

Вардарки следниот викенд ќе ги стартуваат натпреварите во Женската лига со дерби гостување кај второпласираниот состав на Чаир.