Вардар потпиша со кадетски репрезентативец на Македонија до 2030 година!

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорчески, потпиша за македонскиот првак Вардар до 2030 година.

Ѓорчески е лев бек, кој има одлични дефанзивни карактеристики, а по настапите за Алушовски, Металург, Скопје, Голден Арт и Пролет, ќе го облече „црвено-црниот“ дрес.

„На наше огромно задоволство, денес, успеавме да го обезбедиме потписот на кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески, кој во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим. Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите играчи во генерацијата која го освои училишното првенство кое неодамна се одржа токму во нашата држава. Својата кариера ја започна во академија Алушовски, а потоа беше дел од Металург, Скопје, Голден Арт и Пролет. Со овој потпис, продолжуваме во своите намери во иднина најдобрите млади играчи во државата постепено да ја добиваат својата шанса во првиот тим, каде ќе добијат простор и соодветен третман да го трасираат својот пат во врвниот ракомет“, напишаа од Вардар.

 

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________