Вардар ќе го подигне шампионскиот пехарот во „Расадник“

Шампионската прослава на Вардар и прославата на двојната круна е планирана за крајот на месецот кога треба „црвено-црните“ да ги добијата медалите и пехарот. Тој настан би можел да добие и симболична димензија. Мечот на кој треба тоа да се случи да с игра во салата Расадник во Скопје, кој треба да биде новиот дом на клубот.

Иако според распоредот последниот натпревар од сезоната треба да го одигра како гостин против Бутел, двата клуба се договориле тој дуел да биде со обратна улога – односно Вардар да биде запишан како домаќин, за да може по мечот да бидат доделени шампионскиот пехар и медалите пред „црвено-црната“ публика.

Вардар претходно треба да го одигра и последниот „класичен“ домашен натпревар – дуелот со Тиквеш, а потоа следи мечот со Бутел кој ќе ја затвори сезоната. Клубот веќе ја информирале Ракометната федерација на Македонија дека се прават напори токму последниот натпревар да се организира во салата „Расадник“ – објектот во кој Вардар ги играше своите домашни средби во годините кога почна да се пробива кон врвот на македонскиот ракомет, пред од 2014 година да се пресели во СЦ „Јане Сандански“.

Салата „Расадник“ е во завршна фаза на комплетна реконструкција. се работи на детали во внатрешноста и околу партерното уредување околу салата. „Расадник“ се води како сала со капацитет од околу 1.000 до 1.500 гледачи, што би значело поинаква, покомпактна атмосфера за ракометен меч со свечен карактер.

Ако планот за „Расадник“ се реализира, последниот меч од сезоната би бил и практично и симболично „враќање дома“ – финален чин со трофеј во сала која за многу навивачи е дел од историјата на клубот. Воедно, тоа би било и прв голем тест за обновениот објект пред да почне да се користи редовно за спортски настани.

За големите настани, клубот планира и понатаму да настапува во СЦ „Јане Сандански“, па и за мечевите од ЕХФ лигата на шампионите следната сезона. Иако нема директно место, РФМ ќе бара „вајлдкарт“ за Вардар и повеќе од сигурно ќе ја добие.

___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________