Тимот на Вардар и со комбиниран состав без неколку стандардни ракометари беше пресилен за новиот суперлигаш Бисинов ФЛ и оствари рутинска победа со 41-29. Вардар беше без Еспиња, Лазаревски, Срдановиќ, Георгиевски, Борозан…но ниту тоа не беше пречка за момците на Гиљермо Милано да освојат нови бодови.
Домаќинот успеваше да парира на стартот на мечот, одржуваше резултатска рамнотежа, но беше дека кога Вардар ќе заигра посериозно, разликата ќе почне да се зголемува во корист на „црвено-црните“.
До паузата гостите поведоа со 21-17, а во второто полувреме само рутински ја задржаа и ја зголемуваа до конечните
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мигел Пинто со седум и Ларс Коиј со шест погодоци, додека кај Бисинов ФЛ се истакнаа Ивица Илиев со шест и Тоше Ончев со пет погодоци.
Следен дуел за Вардар ќе биде на домашен терен против составот на Радовиш, додека Бисинов ФЛ ќе гостува во Битола кај актуелниот првак Еурофарм Пелистер.