Унгарската ракометна федерација реши да ја продолжи соработката со селекторот на женската репрезентација, Владимир Головин.
Договорот на Головин истекуваше на 31 декември годинава, односно по домашното Европско првенство, но сега е продолжен за уште четири години.
Откако Унгарија го освои шестото место на ОИ, раководството на федерацијата реши дека не треба да менува на кормилото.
Тоа значи дека еден од ривалите на Македонија во групната фаза на ЕП 2024, го задржува селекторот до 2028 година.