Екипата на Фленсбург во натпревар од 23. коло од Бундес лигата славеше над Кил со три гола разлика, 36:33 (19:17).
Победничката екипа беше предводена од данскиот репрезентативец Лукас Јоргенсен, кој одигра одлична партија, постигнувајќи десет погодоци. Ласе Морел додаде седум, а Емил Јакобсен имаше шест гола.
Во составот на Кил, најефикасен беше Емил Мадсен со девет погодоци, додека Лукас Зебре постигна седум.
Со оваа победа, Фленсбург дојде до 33 бода, Кил останува на еден бод повеќе – 34, Мелсунген е трет со 36 бода, додека Хановер и Фуксе Берлин имаат по 37.