Турција со Каракоч од Охрид почнува поход кон СП 2025

Средниот бек на Охрид, Ерај Каракоч, доби повик за репрезентацијата на Турција за претстојната ЕХФ недела.

Турците во рамките на ЕХФ неделата ќе одигра два натпревари против Италија, кои се дел од претквалификациите за СП 2025 што ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Данска.

Каракоч сезонава во Охрид нема голема минутажа, но сепак доби повик за националниот тим и заедно со Халил Озтурк, поранешен член на Металург и Охрид, ќе ја организира играта на Турција.

Првиот меч против Италија, Турците го играат на 1 ноември од 18:00 часот, додека реваншот е на 5 ноември од 20:00 часот.

Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во првиот бараж за СП 2025 што ќе се игра во март 2024 година.