Трпевска меѓу најдобрите во победата на Далматинка

Македонската интернационалка Ивона Трпевска имаше одлична партија во најквалитетното натпреварување во Хрватска.

Далматинка на Трпевска во натпревар од 19. коло славеше над Рудар Лабин со седум гола разлика, 26:19 (10:7).

Поранешната ракометарка на Вардар во дадената минутажа успеа да постигне четири погодоци од пет обиди, а имаше и три украдени топки.

Далматинка моментално се наоѓа на 5. позиција на табелата со 24 бода, но има големи шанси да обезбеди излез на европска сцена.