Тимот на Радовиш го засили ростерот пред стартот на пролетниот дел од сезоната во суперлигашкото друштво.
По искусниот голман од Либан, Хусеин Сакр, за кој веќе објави 24Ракомет, радовишани донесоа уште двајца интернационалци и еден домашен играч.
Станува збор за левиот бек Хамза Фалах од Тунис, десниот бек Калид Махмуд од Египет, како и кружниот напаѓач Томче Трајчевски, кој доаѓа од Прилеп и за него ова ќе биде камбек во дресот на Радовиш.
Покрај овој квартет, пред потпис со Радовиш се наоѓа и средниот бек Петар Цветковски, кој во есенскиот дел од сезоната играше за Бутел Скопје.
Радовиш на 16 одиграни натпревари во Супер лигата успеа да освои само бод, оној против дебитантот Бисинов ФЛ, па така ќе има голем предизвик во остатокот од сезоната, односно во плеј-аут фазата.