Тимот на Тримо Требње предводен од македонскиот стручњак Раде Стојановиќ освои голем бод на свој терен.
Избраниците на Стојановиќ ремизираа против актуелниот словенечки шампион Целје, 32:32, во натпревар од 21. коло во тамошното натпреварување.
За Тримо Требње ова беше важен бод во борбата за титулата, сега на свое конто имаа 33 бода, два помалку од Целје и Слован.
Ракометарите на Тримо Требње во досегашниот тек од сезоната имаат остварено 15 победи, три ремија и три порази .
Во следното, 22. коло, составот на Стојановиќ ќе гостува кај тимот на Копер, кој е последнопласиран на табелата.