Екипата на АЕК Атина е патник во полуфиналето на Европскиот Куп, откако во драматичен натпревар кој беше решен на пенали, загуби од Партизан со 30-26. На првиот меч во Атина, грчкиот тим славеше со 27-22. Клучна беше седмата серија на пенали, кога голманот Дан Тепер му одбрани шут на Никола Зечевиќ, па со вкупен резултат 53-52, АЕК оди понатаму.
АЕК Атина отвори со водство од два гола на стартот, но Партизан набрзина се стабилизира и мечот беше израмнет. По водството на српскиот тим на паузата, 11-10, во вториот дел се разбрани Хеидарирад, па Партизан полека ја топеше предноста на АЕК од првиот меч (27-22).
Во 45 минута преку Ќорсовиќ, Партизан успеа да стигне до плус пет, 20-15, а екс пелистерецот Давајес и Туре за момент ја намалија негативата, 21-18. Но во последните пет минути следуваше завршен удар на Партизан кој отиде на плус шест, 24-18. Сепак следуваа две грешки и АЕК намали на 24-19, а тргна и во напад.
Погреши грчкиот тим, Партизан имаше дваесетина секунди за гол што ќе ги однесе во полуфинале, но се сплеткаа во нападот, а потоа и АЕК не успеа да реализира на празен гол, па мечот отиде да се решава на пенали.
По првите пет серии, сите пенали беа реализирани, па беше 29-24. Kлучна беше седмата серија во која вториот голман на АЕК, Дан Тепер му го одбрани ударот на капитенот на Партизан, Никола Зечевиќ.
Кај победникот, екс пелистерецот Давајес беше клучна фигура со пет гола, а Арампацис имаше четир пгоодоци. Црноглавац имаше десет гола за Партизан, а Зечевиќ постигна седум, додека македонскиот интернационалец Бојан Маџовски немаше реализации.
Следен противник на АЕК Атина ќе биде тимот на Извиѓач Љубушки, а натпреварите од полуфиналето ќе се играат на 20 и 27 април.