Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на петтото коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 5. коло има по една ракометарка од Куманово, Ѓорче Петров и Вардар.
За ѕвезда на колото може да гласате до неделаa до 12:00 часот.
Женска лига, 5. коло, резултати:
Група А
Стружанка – Ѓорче Петров 2 16:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Чаир 26:42 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје слоб.
Група Б
Металург Автокоманда – Пелистер 28:17 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Куманово 20:37 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ слоб.
Група В
Вардар – Шампион 58:14 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Спартак 58:11 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина слоб.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 5. КОЛО
Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Битолчанката на натпреварот против Спартак одигра како на тренинг и постигна дури 21 гол.
Леона Миленкоска (Вардар) – Младинската репрезентативка игра во одлична форма, беше меѓу најдобрите во победата над Шампион.
Марија Јовановска (Куманово) – Голманката на поранешниот шампион забележа 15 одбрани во натпреварот со Гевгелија.