Вардар броеше до 58, младите „лавици“ ја освоија Струга

Екипата на Вардар во натпревар од 5. коло од Женската лига запиша рутинска победа над Шампион, триумфираше со 58:14. Избраничките на Анжела Платон денешната задача си ја завршија уште во првото полувреме, во кое дадоја дури 29 гола, а примија само три.

Вториот дел, исто така, мина во потполна доминација на „црвено-црните“ кои ја казнуваа секоја грешка на ривалот. Најефикасна во редовите на победничката екипа беше Леона Миленковска, постигна 12 погодоци, а второ име беше Ивона Кимовска со пет реализации.

Кај тимот на Шампион листата на стрелци беше предводена од Марија Бојковска со пет погодоци.

Тимот на Ѓорче Петров 2 славеше во пресметката со Стружанка на гостински терен со 32-16. Избраничките на Милева Велкова поведоа на стартот со 4-1, на паузата беше 13-7, а во вториот дел комплетно беше надигран противникот.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Ања Лашкоска со седум и Ива Велкова со пет погодоци, додека кај Стружанка се истакна Маја Раткушиноска со осум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР660012
2СКОПЈЕ64028
3АСТИБО53026
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ51042
5СТРУЖАНКА60060
ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА550010
2КУМАНОВО54018
3ПЕЛИСТЕР 201263036
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.62044
5ГЕВГЕЛИЈА60060
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ660012
2ВАРДАР54018
3СПАРТАК52034
4ДЕСПИНА62044
5ШАМПИОН60060