ТРИ ЅВЕЗДИ НА 20. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 20. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 20. коло има по една ракометарка од Вардар, Ѓорче Петров и Стружанка.

За ѕвезда на колото може да гласате до четврток до 12:00 часот.

Женска лига, 20 коло, резултати:
Скопје – Деспина 31:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Ѓорче Петров 34:38 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Вардар 26:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Стружанка 17:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Металург Автокоманда 18:38 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Пелистер 22:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Спартак 25:32 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22211064
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2210213

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 20. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Андреа Илиќ - Вардар
60.64%
Мендувие Далипоска - Стружанка
23.71%
Марија Јанкуловска - Ѓорче Петров
15.65%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 20. КОЛО

Андреа Илиќ (Вардар) – Голманката на „црвено-црните“ блескаше на дербито со Куманово, натпреварот го заврши со 14 одбранети удари и беше најзаслужна за убедливиот триумф против вицепрвакот.

Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров) – Младата членка на актуелниот шампион со седум погодоци ги предводеше „лавиците“ до важна победа на гостувањето кај незгодниот Чаир.

Мендувие Далипоска (Стружанка) – Левото крило повторно имаше одличен натпревар, против тимот на Шампион 13 пати се запиша во листата на стрелците.