Металург Автокоманда се прошета низ Гевгелија

Ракометарките на Металург Автокоманда запишаа нови три бода во Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Гевгелија со 38-18.

Избраничките на Јулијана Дамчевска поведоа со 7-0 за седум минути игра, потоа беше и 10-1 и беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крај.

Во нападот на тимот од Автокоманда доминираа Котевска, Миновска и Беровиќ и веќе на пауза беше 22-10.

Второто полувреме беше само формалност и Металург Автокоманда рутински го доврши натпреварот за лесни три бода.

Атанасова од домашниот табор заработи трето исклучување и црвен картон, но тоа немаше влијание  на резултатот од овој натпревар.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Беровиќ со десет, како и Миновска и Котевска со по шест гола, додека кај Гевгелија се истакнаа Ступар, Динева и Димова со по четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР22006
2АСТИБО22006
3СКОПЈЕ32016
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ20020
5СТРУЖАНКА30030