Ѓорче Петров на чекор до трета титула по ред – славеше кај незгодниот Чаир

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, во дерби дуелот против Чаир од 20. коло од Женска лига славеше со 38:34. Ѓорчепетровки до победата дојдоа со подобрата игра во вториот дел, откако на полувреме резултатот беше нерешен.

„Лавиците“ само милиметри ги делат до нова титула во Женската лига. Составот на Симовски на преостанатите шест кола има лесни ривали, со исклучок на Вардар, и треба само да одработи според планот.

Тимот на Чаир на позитивно изненадување на домашната публика тргна одлично, во воведниот дел поведе со 4:1 и во секоја акција знаеше како да одигра и да дојде до реализација. Ѓорчепетровки не знаеа како да ги запрат разиграните домаќинки, кои до 20 минута константно водеа со два до три гола.

Избраничките на Симе Симовски вторто изедначување на натпреварот го имаа на десет минути пред крајот на првиот дел кога бекот Коларовска израмни на 13:13. Гостинот во тој момент се консолидираше, до крајот се играше гол за гол и по 30 минути игра резултатот беше 18:18.

Чаир издржа до 35 минута, потоа работите започнаа да се одвиваат во насока на гостинките. По нерешените 22:22, ракометарките на Ѓорче Петров направија серија од 4:0, се одлепија на 26:22 и до крајот на натпреварот имаа активен резултат.

Најефикасни во победничката екипа со по седум погодоци беа Анастасија Николовска и Марија Јанкуловска. Во поразенио табор се истакнаа Бојана Диневска со девет и Амела Џакмиќ со осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223