Како што најави 24Ракомет, единствениот специјализиран портал за ракомет, од сезонава ќе избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“. На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеалниот тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“. Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 2. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Со натпреварот меѓу Чаир и Пелистер беше комплетирано второто коло во Женската лига, во кое немаше ниту едно изненадување.
Во изборот за ѕвезда на второто коло има по една ракометарка од Овче Поле СУ, Чаир и Вардар.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, 2. коло, резултати:
Чаир – Пелистер 38:9 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Спартак 37:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Металург Автокоманда 13:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Стружанка 42:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Вардар 19:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле – Астибо 25:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Шампион 18:23 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 2. КОЛО
Јована Конева (Овче Поле СУ) – Една од најдобрите стрелци во екипата од Свети Николе одигра одлична партија против Астибо и со 14 погодоци го предводеше својот тим до втора сезонска победа. Конева освен во нападот, одлично одигра и во одбраната.
Теодора Дукоска (Чаир) – Македонската репрезентативка, која во оваа сезона направи камбек во амбициозниот Чаир, против составот на Пелистер одигра за „десетка“. Дукоска доминираше на теренот, постигна десет погодоци и покажа дека поседува голем потенцијал.
Ивона Трпевска (Вардар) – Десното крило на „црвено-црните“ беше незапирливо на дуелот со Скопје. Вардар го победи Скопје со 35:19, a Трпевска зад своето има запиша дури 13 погодоци.