ТРИ ЅВЕЗДИ НА 10. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Eдинствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 10. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 10. коло има по една ракометарка од Металург Автокоманда, Астибо и Ѓорче Петров.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 10. коло, резултати:

Овче Поле СУ – Чаир 22:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Деспина 19:37 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Стружанка 22:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Спартак 39:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Скопје 31:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Ѓорче Петров 8:46 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Металург Автокоманда 24:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА231211037
7ПЕЛИСТЕР 2012231011231
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 10. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Марија Анчева - Астибо
55.47%
Теодора Гулицоска - Металург Автокоманда
41.05%
Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
3.49%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 10. КОЛО

Теодора Гулицоска (Металург Автокоманда) – Новакот во Женската лига во 10. коло го доби дуелот против Вардар и влезе во трката за титулата. Тимот од Автокоманда во важната победа беше предводен од Гулицоска, која против „црвено-црниот“ состав одигра одлично и постигна десет погодоци.

Марија Анчева (Асибо) – Искусната ракометарка повторно одигра клучна улога во победата на нејзиниот тим. Најдобриот стрелец од минатата сезона со 12 погодоци го предводеше Астибо до победа над Спартак.

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка продолжува со одличните настапи во домашниот шампионат. Битолчанката доминираше на теренот во Гевгелија и против „фенерџијата“ постигна дури 14 погодоци, сите од игра.