Како во старите времиња – Ѓорче Петров прими само осум гола!

Ракометарките на Ѓорче Петров на гостувањето во Гевгелија кај истоимената екипа ја забележаа својата најубедлива победа во досегашниот тек од Женската лига, откако славеа со 46:8 (25:4) во натпревар од 10. коло.

Актуелниот бранител на титулата натпреварот го реши уште во првото полувреме кога при водство на домаќинот од 1:0 направи серија од 14:0, поведе со 14:1 и како одминуваше времето растеше разликата во негова корист.

Избраничките на Симе Симовски ги казнуваа грешките на домаќинките и лесно постигнуваа голови. Првиот и вториот дел беа само рутина за „лавиците“ кои одиграа како тренинг и без многу напор.

Домашниот тим првиот гол во второто полувреме го постигна дури во 42 минута преку Шуклева, а останатите три во периодот од 52 до 57 минута.

Најефикасна на натпреварот беше Емилијана Ризоска, која постигна 14 погодоци, девет додаде кружниот напаѓач Катерина Дамјановска, пет реализации имаа Јана Грковска, Ана Марија Коларовска и Ева Божиновска.

Во таборот на домаќинките најефикасни беа Благица Ступар и Верица Шуклева со по три погодоци.

Ѓорче Петров за следен ривал во единственото женско сениорско натпреварување го има Шампион, додека во 12. коло ќе игра против Астибо.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР660018
2СКОПЈЕ640212
3АСТИБО53029
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ51043
5СТРУЖАНКА60060