По Александар Тренчевски и Божидар Илиески, амбициозниот состав на Прилеп го промовираше и третото засилување за новата сезона.
Чуварот на мрежата Стефан Христоски ќе го брани на голот на прилепчани во претстојните суперлигашки предизвици.
Христоски се враќа дома по настапите минатата сезона за српскиот Партизан, а претходно има настапувано и за Охрид.
Прилепчани како најдобри во суперлигашкиот плеј-аут го обезбедија местото во Супер лигата и во новата сезона ќе влезат со големи амбиции.