Тренчевски: Оваа седмица е клучна за нас, со две победи ќе бидеме блиску до плеј-оф

Ракометарите на Струга во рамки од 6. коло од суперлигашката конкуренција на свој терен силите ќе ги одмерат со вториот тим на Еурофарм Пелистер, кој во досегашниот тек од сезоната се покажа како незгоден ривал, посебно како гостин.

Стружани имаат две победи и со евентуални нови три бода ќе ги задржат шансите за пласман во плеј-оф фазата.

Избраниците на Наум Танески по неколку дена ќе играат против Аеродром во 7. коло, па овие меча можеби ќе бидат клучни за составот на Струга.

Еден од поискусните во Струга, кружниот напаѓач Александар Тренчевски, оптимистички глдеда на дуелот со Еурофарм Пелистер 2, истканувајќи дека неговиот тим е поискусен и поквалитетен.

,,Дуелот со Еурофарм Пелистер 2 можеби за нас е клучен, исто така сега и Аеродром се јавува како конкурент за плеј-фот, па така може да се каже дека ова ни е клучна недела. На секој натпревар играме се подобро и мислам дека со право очекуваме да славиме на двата дуели. Играта на тимот од Битола е добро простудирана и брзата транзиција е нивното главно оружје. Доколку ги спречиме во тоа, имаме големи шанси за добар резултат. Точно е дека имаме пократка клупа, но нашата  клупа е поквалитетна и поискусна. Баш мислам дека искуството е тоа што ќе ни донесе успех. Во Струга атмосферата е одлична и сега се оди баш по план. Доколку среда и сабота славиме, тогаш со една нога сме во плеј-оф”, изјави Тренчевски.

Дуелот меѓу Струга и Еурофарм Пелистер 2 ќе се одигра утре со почеток од 16:00 часот во спортската сала при СОУ „Нико Нестор“.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122