ТРАНСФЕРИ: AЕК донесе Норвежанец, Ѓер ја врза на долг рок Нзе Минко, Габер оди во Нант

  • Грчкиот шампион АЕК Атина се раздели со десното крило од Полска, Кшиштоф Комаржевски, но веднаш ангажираше замена. Тимот на Драган Ѓукиќ се засили со Норвежанецот Елијас Томе, кој има 25 години и лани беше дел од Колстад.
  • Францускиот Нант би можел да биде следната дестинација за алжирскиот десен бек Ајуб Абди од Тулуз и словенечкиот пивот од ПИК Сегед, Матеј Габер. На излезна врата е левиот бек Александре Калваканти, кој нема да потпише нов договор.
  • Унгарскиот првак Ѓер објави дека е потпишан нов договор на четири сезони со француската репрезентативка Естел Нзе Минко. 32-годишната ракометарка од 2019 година го носи дресот на Ѓер.
  • Тимот на ЧСМ Букурешт е следната дестинација за левото крило Ема Фрис. Данската репрезентативка потпиша договор на две сезони и од лето ќе му се стави на располагање на тренерот Адриан Василе.