Десниот бек на австриската репрезентација, Борис Живковиќ, е нов ракометар на Мешков Брест. 32-годишниот Живковиќ претходно беше дел од Алпла Хард, Азоти Пулави, бундеслигашот Фленсбург и Ал Кураин, од каде оди во Белорусија.
Левото крило од Унгарија, Надин Шолоси Шацл, до крајот на сезоната ќе настапува за францускиот Мец како „медицински џокер“. Некогашната членка на Ѓер и Ференцварош, ќе ја менува бремената Клое Валентини во Мец.
Поранешната ракометарка на Валчеа и Рапид Букурешт, Марта Лопес, по дваесетина години се врати во матичниот клуб и ќе го носи дресот на Малага. Шпанското десно крило играше и за Алкобендас, Флери Луар, Бера Бера…
Кружниот напаѓач Адриа Фигуерас од лето ќе го носи дресот на шпанскиот Гранољерс. Шпанскиот интернационалец, кој со националниот тим освои седум медали на големите натпреварувања, во моментов игра за Шарт, а претходно беше дел од Нант.