- Српскиот репрезентативец Драган Пешмалбек ја продолжи соработката со Веспрем за уште две сезони и ќе остане во унгарскиот гигант до 2026 година. Кружниот напаѓач дојде во Веспрем во 2022 година.
- Десниот бек Криштоф Штајнерт ќе продолжи да ги брани боите на бундеслигашот Ерланген. 33-годишниот Штајнерт дојде од Фленсбург во 2018 година и постигна 723 погодоци на 146 меча.
- Средниот бек Валерија Кирдјашева ќе го замени рускиот Ростов Дон со трансфер на Балканот. Талентираната руска репрезентативка потпиша за црногорскиот првак Будуќност со важност до 2026 година.
- Учесникот во Лигата на шампионите, Дебрецин, за следната сезона ја договори шведската репрезентативка Кристин Торлејфсдотир, која се обврза на двегодишна верност. Таа доаѓа од данскиот Хорсенс, а претходно играше за Рандерс.
- Романската Валчеа објави дека е потпишан договор на две сезони со чешката репрезентативка Шарлот Холевова. Таа игра за францускиот Брест, но таму нема голема минутажа, па по одличното СП реши да ја смени средината.
- Рапид Букурешт од летото 2024 ќе ја има на располагање Стефанија Стоика, која потпиша договор со големиот градски ривал на нејзиниот актуелен клуб, ЧСМ Букурешт.