Каталонскиот гигант Барселона објави дека е постигнат договор со левото крило на Штутгарт, Дани Фернандез. 23-годишниот шпански репрезентативец потпиша до 2028, а пред настапите во Бундес лигата, играше за Кангас и за младинскито тим на Барса.
Тимот на Рајн Некар Левен објави дека е потпишан договор со шведскиот лев бек Едвин Аспенбек, кој доаѓа од данскиот Холстебро. 24-годишниот Аспенбек дебитираше за Шведска на СП 2025.
Романската Валчеа објави дека се продолжени договорите со две ракометарки – кружниот напаѓач Наташа Љепоја и голманката Ралука Келемен. Словенечката репрезентативка ќе остане до 2026, додека Келемен исто така ќе остане уште една сезона.
Некогашниот голем талент на словенечкиот ракомет, Грегор Оцвирк, ќе остане во Унгарија. Екс членот на Вардар ја продолжи соработката со унгарскиот тим Плер Будимпешта до 2026 година.
Српскиот лев бек Данило Радовиќ ќе го замени германскиот Минден со тимот на Кретеј. Радовиќ потпиша договор со францускиот клуб и ќе ги брани неговите бои до 2027 година. Претходно левиот бек играше за Динамо Панчево и Спачва Винковци.