Некогашниот член на Металург и Еурофарм Пелистер, Немања Обрадовиќ, го продолжи договорот со Партизан и ќе остане во српскиот клуб и во наредините две сезони.
Кружниот напаѓач на Бенфика и на селекцијата на Зеленортските Острови, Пауло Морено, по 19 сезони си заминува од португалскиот тим и ќе се пресели во францускиот Шарт.
Поранешниот чувар на мрежата на Металург, Дарко Арсиќ, ја продолжи верноста со Металопластика Шабац и во наредните сезони ќе го чува голот на екс европскиот првак.
Левиот бек Александар Чаприќ, кој минатото лето беше дел од Ол Стар тимот на кадетскиот Мундијал во Хрватска, заминува од Сесвете и ќе заигра за бундеслигашот Ајзенах.
По Ханиел Лангаро, Бранко Вујовиќ и тренерот Давид Дејвис, романскиот шампион Динамо Букурешт се засили на голманската позиција, каде што дојде Јонут Јанку од големиот ривал Стеауа Букурешт.